Претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а кон југ со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе се засилува, информира УХМР.
Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

