19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд ноќеска на полноќ цената на бензините поскапува, на дизелот останува иста

Од ноќеска на полноќ цената на бензините поскапува, на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80 % во однос на оОдлуката од 29.3.2021 година.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.3.2021 година.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво согласно одлуката од 29.3.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 ден/кг и ќе изнесува 34,779 ден/кг.

Според најновата одлука на Регулаторна комисија од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

За моторен бензин еуросупер БС-95 цената ќе биде 67,00 денари за литар, моторен бензин еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар.

Цената на дизел горивото еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 55,00 денари за литар. Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 44,50 денари за литар и цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 34,779 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,193%, кај дизелот има намалување за 0,061%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,112% и кај мазутот има зголемување за 0,402%, информираат од Регулаторна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП