29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота од соништата за љубителите на виното - плата 10.000 долари

Работа од соништата за љубителите на виното – плата 10.000 долари

Винарската визба Murphy-Goode од Калифорнија објави оглас за работа од соништа за сите страствени љубители на виното.

Лицето кое ќе ја добие работата ќе живее една година во лозје во областа Сонома во Калифорнија позната по виното, нема да плаќа кирија и ќе добива плата од 10.000 долари месечно!

Новиот вработен во винаријата Murphy-Goode треба да биде подготвен да ја „следи нивната страст“, ​​пишува компанијата.

Првите неколку месеци работните обврски се доста разноврсни, што му овозможува на новиот вработен да разбере кои аспекти на производство на вино го интересираат најмногу. После тоа, винарската визба ќе работи со новиот вработен за да ги дефинира неговите страсти и да го вреже своето место во светот на виното.

„Ние ви нудиме работа што ќе ве катапултира во винската стратосфера“, наведуваат од компанијата.

Некои од потенцијалните работни одговорности се стекнување на знаење за лозарството и винарскиот бизнис, како и учење за светот на е-трговијата.

Семејната винарија, основана во 1985 година, првпат ја започна оваа позиција во 2009 година со првичен фокус на документирање на работата на социјалните мрежи, а оваа година тие одлучија повторно да го отворат работното место бидејќи земјата се соочува со низа комплетно нови предизвици.

Работното место е отворено за лица постари од 21 година кои се овластени да работат во САД, а потенцијалните кандидати исто така ќе треба да направат видео во кое ќе објаснат зошто таа е работата од нивните соништа. Најважната квалификација е – вистинска љубов кон виното.

Кандидатите можат да аплицираат за работното место до 30 јуни, а кандидатот што ќе ја добие работата ќе ја преземе функцијата во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП