23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ја зголемува прогнозата за дефицитот во 2021-ва

Франција ја зголемува прогнозата за дефицитот во 2021-ва

Франција очекува буџетскиот дефицит за 2021-ва година да достигне 9% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, што е пораст во однос на претходната прогноза од 8,5%, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

На ревизијата и претходеше нова прогноза за економскиот раст на земјата, која беше намалена од 6 на 5 проценти, како резултат на новата национална блокада, која ќе го опфати целиот април. Училиштата се затворени, како и голем број несуштински продавници.

Според Ле Мер, јавниот долг на Франција се очекува да достигне 118% од БДП-то во оваа година во споредба со последната прогноза од 115%. Министерот за финансии рече дека долгот на земјата може да достигне 122% во декември.

Како и многу други земји во Европа, Франција издвои милијарди евра за поддршка на бизнисите со државни кредити, како и за работниците кои се соочуваат со отпуштања.

Претседателот Емануел Макрон се надеваше дека ќе ја извлече Франција од коронакризата без да наметне нова блокада од големи размери, заштитувајќи ја економијата од уште еден удар, но случаите на заболени со Ковид-19 и хоспитализациите продолжија да растат во последните неколку недели.

Ле Мер повеќепати ја повикуваше Европската унија (ЕУ) да го забрза ратификувањето и спроведувањето на нејзиниот план за економски стимул од 750 милијарди евра. Тој рече дека Франција веројатно нема да ги добие 5-те милијарди евра од шемата во јули, како што беше планирано, поради одложувањата.

Франција има своја програма за економско закрепнување вредна 100 милијарди евра и планира да потроши приближно половина од тие пари до крајот на годината, присетува Ле Мер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП