26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристига дигиталната Рубља: Ќе успее ли да го надмине крипто доларот?

Пристига дигиталната Рубља: Ќе успее ли да го надмине крипто доларот?

Според РТ, Русија е подготвена оваа година да лансира прототип на нова форма на руска национална валута, дигитална рубља.

Дигиталниот јуан, шведската круна, американскиот долар, а потоа и е-руската рубља. Тоа е, судејќи според се, иднината на парите, особено имајќи ја предвид брзината на делување на некои земји за да станат безготовинско општество.

На прво место се скандинавските земји. Но, Русија е подготвена да лансира прототип на нова форма на национална валута на Русија, дигиталната рубља, оваа година, според РТ.

– Тоа би можело да следи за неколку месеци – изјави шефот на Комитетот на Државната дума за финансискиот пазар, Анатоли Аксаков, за РТ и додаде дека „дигиталната рубља во моментов е највисоката форма на пари“.

Тој исто така вели дека Централната банка на Русија наскоро ќе објави патоказ за развој на дигиталната валута, а нивниот прототип треба да биде готов до есен.

„Тестирањето на оваа форма на пари може да започне на крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година“, вели Аксаков, додавајќи дека новата дигитална валута може да се искористи за домашни трансакции за две до три години – вели Аксаков.

Концептот на дигитална рубља беше откриен од рускиот финансиски супервизор во октомври 2020 година. Новата форма на пари ќе коегзистира со готовински и безготовински рубљи. За разлика од криптовалутите, како што е биткоинот, дигиталната рубља има минимални ризици затоа што ќе биде издадена од централната банка, а ќе биде поддржана од традиционалните пари.

Во февруари, шефот на Централната банка, Елвира Набиулина, објави дека регулаторот одржал консултации со банкарската заедница за лансирање на дигиталната рубља. Таа вети дека подетален концепт ќе биде претставен до летото, по што планот ќе биде отворен за понатамошни разговори со јавноста, учесниците на пазарот и банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП