3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија: Рекордно ниски камати

Австралија: Рекордно ниски камати

avstralijabanka1

Централната банка на Австралија ги намали каматните стапки на нов минимум од 2,5 проценти, подгревајќи ги стравовите од ново економско забавување во пресрет на изборите.

Банката за резерви на Австралија (RBA) ја намали клучната каматна стапка за 25 базни поени на ниво кое не е забележано од основањето на банката во 1959 година, неколку недели пред националните избори кои се закажани за 7 септември, пренесува агенцијата Франс Прес.

Гувернерот на „RBA“ Глен Стивенс како причини за намалувањето на каматните стапки ги наведе инфлацијата и малопродажбата.

„Економијата бавно напредуваше во последната година. Се очекува таквиот тренд да продолжи и во блиска иднина, бидејќи економијата се прилагоди на намалени инвестиции во рударството“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП