Во знак на благодарност на Србија за вакцините дадени на Северна Македонија, премиерот Зоран Заев вчера ја објави можноста граѓаните на Србија да не плаќаат патарини во нашата земја ова лето.
Тоа го кажа во интервју за телевизијата „Канал 5“ и процени дека вредноста на вакцините кои Србија и ги даде на Северна Македонија е поголема од 700.000 евра.

