Куркумата со причина се смета за еден од најлековитите зачини, а древните народи ја прогласиле и за свет грал поради своето исклучително делување.
Овој навистина чудесен и исклучително лековит зачин е вистински благодет за вашиот организам, бидејќи не само што го поттикнува зајакнувањето на имунолошкиот систем, туку и може да ви помогне при различни инфекции бидејќи се смета за природен антибиотик.

Според одредени истражувања, куркумата има можност да ги обновува мозочните клетки и токму затоа е вистински благодет за заболените од Алцхајмерова болест, но претставува и одлична превентива.
Може да ја користите на различни начини, а ние ви претставуваме три, многу популарни.
Колачи од куркума за зајакнување на имунитетот
Состојки:
– 500гр брашно
– 1 мала лажичка сода
– 1 мала лажичка мелен ѓумбир
– 1 мала лажичка куркума
– прстофат бибер
– 300гр мед
– сок од еден лимон
– 1дл маслиново/кокосово масло

Подготовка:
Најпрво промешајте ги сувите, а потоа течните состојки.Соединете ги и сето тоа добро измешајте го. Обликувајте со раце топпчиња и редете ги на тавче на кое што претходно сте ставиле хартија за печење. Печете ги колачињата околу 20 минути на 170 степени,
Паста против псоријаза и акни
Состојки:
– 3 лажици зелена глина
– 1 мала лажичка куркума
– 2-3 капки маслиново масло
Подготовка:
Едноставно измешајте ги сите состојки, направете паста и нанесете ја на лицето, како маска. Оставете ја да делува околу 30 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.
Лек за болно грло

Состојки:
– 250мл млака вода
– 1 мала лажичка куркума
– ½ мала лажичка морска сол
Подготовка:
Едноставно измешајте ги сите состојки и испирајте го грлото неколку пати дневно. Воспаленото грло ќе се смири, а резултатите ќе ги почувствувате речиси веднаш.