3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет отсто од фирмите не исплатиле февруарска плата поради блокадата на економските...

Десет отсто од фирмите не исплатиле февруарска плата поради блокадата на економските мерки во Собранието

Десет отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им исплатат плата на вработените, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

За овој месец, прифатени се 63.948 пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, а 6.888 работодавци немаат исплатено плата, односно 10,7 проценти.

Лукаревска рече дека УЈП има  предвид оти финансиската помош за февруари не стигнала, а дека компаниите тоа го планирале. Затоа, Лукаревска апелира што побргу да се донесат економските мерки во Собранието од петтиот економски пакет.

Носењето на петтиот пакет мерки е заглавен во собраниска процедура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП