Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2020 година просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 5.144 денари за киловат-часови, што претставува раст од 7,4 проценти во споредба со првото полугодие од 2020 година.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.330 до 7.160 денари за киловат-часови по групи на потрошувачи, известува Државниот завод за статистика.

