21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни 84 пациенти хоспитализирани вчера во ковид-центрите во Скопје

Рекордни 84 пациенти хоспитализирани вчера во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани рекордни 87 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 45 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментот во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Бројот на приеми во изминатите денови е зголемен и, утрово, до 8 часот, имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.034 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Според извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп – 127, во ковид-центарот во Гостивар – 42, а во Струга – 14 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 87 пациенти, во Кочани – 36, во Кичево – 23, во Кавадарци – 79, а во Гевгелија – 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП