29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Британија, пријавени 30 случаи на згрутчување на крвта по примени 18...

Во Британија, пријавени 30 случаи на згрутчување на крвта по примени 18 милиони дози на „Астра зенека“

Регулаторот на Велика Британија соопшти дека досега се идентификувани 30 случаи на згрутчување на крвта по примени 18 милиони дози на „Астра зенека“, или 25 повеќе отколку во претходниот извештај.

На 18 март, регулаторот пријави пет случаи на згрутчување на крвта по употребени 11 милиони дози од оваа вакцина. Вчера беа пријавени 25 случаи на згрутчување на мозокот и осум други случаи на згрутчување на крвта кај луѓе со многу мал број на тромбоцити по 18,1 милиони дози од вакцината.

Агенцијата за регулирање на лекови и здравство соопшти дека не добила такви извештаи по употребата на Фајзер / Бионтек.

Здравствените власти продолжуваат да веруваат дека придобивките од вакцината во спречувањето на коронавирусот го надминуваат можниот ризик од згрутчување на крвта. Некои држави ја ограничија употребата на „Астра зенека“, додека други продолжија да ја користат. Извештаите за ретки тромбови се уште се испитуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП