19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја помина границата од 60 000 долари

Биткоинот ја помина границата од 60 000 долари

Цената на најстарата криптовалута, биткоин, продолжува да расте, па рано утрово, според македонско време, таа повторно ја надмина границата од 60.000 долари. Околу 4.30 часот со дигиталната валута се тргуваше по цена од 60.250 американски долари.

Во моментов, вредноста на најпопуларната криптовалута е околу 60.000 долари, а во текот на изминатите 24 часа, вредноста на биткоинот се зголеми за 1 процент.

Да потсетиме, историскиот рекорд и највисоката забележана вредност на биткоинот досега беше 61.500 долари.

Пазарната капитализација на криптовалутата е сè уште над трилион долари (околу 1,1 трилион), што ја прави повредна од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари, како и трите најголеми светски банки.

Патем, од почетокот на оваа година, биткоинот зајакна за околу 80 проценти, а во последната година, неговата вредност се зголеми за дури 570 проценти.

Најновиот скок секако придонесе со објавата на банкарската групација Голдман Сакс дека планира да започне да инвестира во дигитални средства во вториот квартал и да понуди „целосен опсег“ на такви инвестиции „или преку физички биткоин, деривати или традиционални инвестициски фондови “.

Податоците собрани од JPMorgan покажаа дека малите инвеститори купија повеќе од 187,000 биткоини овој квартал, во споредба со приближно 205,000 минатиот квартал.

Институционалните инвеститори купија околу 173.000 парчиња од најпопуларна криптовалута во светот во тој период, во споредба со скоро 307.000 во последните три месеци од 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП