28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВакцината на „Фајзер“ 91 процент ефикасна, штити од јужноафриканскиот сој

Вакцината на „Фајзер“ 91 процент ефикасна, штити од јужноафриканскиот сој

„Фајзер“ и „Бионтек“ објавија дека нивната вакцина против Ковид-19 е околу 91 % ефикасна во спречување на болеста.

За оваа информација компаниите се повикуваат на испитувања лица, од кои некои ја примиле истата вакцина пред шест месеци.

Вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување болести кај учесниците во Јужна Африка, каде што доминира новата варијанта на вирусот Б1351, иако бројот на учесници во студијата беше релативно мал, односно 800 лица.

Новите податоци за ефикасност од 91,3 процент се пониски од оние 95 %, како што првично беа објавени во ноември во студија, со учество на 44.000 луѓе, но оттогаш вирусот мутирал и денес кружат неколку варијанти на Ковид-19, објаснуваат упатените.

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, рече дека новите ажурирани податоци вклучуваат повеќе од 12.000 лица, кои биле целосно вакцинирани, а производителот добил можност да побара конечно одобрување од регулаторот на САД.

Вакцината сега се користи врз основа на привремено одобрение доделено од Администрацијата за храна и лекови на САД.

Резултатите од тестот ги даваат првите клинички резултати, а тоа е дека вакцината може ефикасно да ги заштити од новите соеви на болести што моментно циркулираат, што е критичен фактор за стекнување колективен имунитет и завршување на оваа пандемија за популациите во светот“, вели Угур Сахин, директор на „Бионтек“.

Експертите стравуваат дека новите соеви на Ковид-19 од Јужна Африка и Бразил би можеле да бидат поотпорни на постојните вакцини и третмани.

Вакцината е 100 % ефикасна во спречување тешки форми на болеста, како што е дефинирано од страна на Центрите за контрола и превенција на болестите на САД, или 95,3 % ефикасна според дефиницијата на ФДУ.

Тие додаваат дека оваа вакцина, генерално, е еднакво ефикасна без оглед на возраста, расата, полот, етничката припадност на примателот и без оглед на постојните медицински состојби на примателот на вакцината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП