20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ѝ донира 40.000 вакцини „спутник В“ на Македонија

Србија ѝ донира 40.000 вакцини „спутник В“ на Македонија

Владите на Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „спутник В“ од кои првата количина од 20.000 дози пристигнаа денеска на скопскиот аеродром.

Пратката беше дочекана од страна на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, кои се заблагодарија на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ за солидарноста.

„Самиот чекор е великодушен, од 100 илјади вакцини, Србија ни донираше 20 илјади. Секаде во светот е борба за вакцини, а српскиот народ со македонскиот народ споделува нешто што е свое, тоа само го јакне пријателството меѓу Србија и Македонија. Овие 20 илјади вакцини се првата квота, за да можеме да го продолжиме процесот на вакцинација без никакво стопирање“, изјави Заев.

И министерот Филипче ѝ се заблагодари на Србија за донацијата и рече дека руските вакцини ќе бидат искористени за да се вакцинира критичната инфраструктура.

„Со овој чин, се овозможува континуитет во вакцинацијата. Додека го чекаме мислењето од ЕМА дали на помлaдите може да им се даде вакцината АстраЗенека, ќе ја вклучиме вакцината на Спутник, со цел да во вакцинацијата да се вклучат што повеќе категории граѓани. Благодарност за солидарноста на Србија“, рече Филипче.

Досега, Србија на Македонија ѝ донираше осум илјади дози од американската вакцина „Фајзер“.

Од Владата не прецизираа кога ќе стигнат останатите 20.000 дози од руската вакцина „спутник В“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП