25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО годинава предвидува раст на светската економија и трговијата со стоки

СТО годинава предвидува раст на светската економија и трговијата со стоки

Светската трговска организација (СТО) ја зголеми прогнозата за раст на глобалната трговија со стоки од 8% во оваа година, најголем раст од 2010-та година, додека предупредува дека Ковид-19 продолжува да претставува најголема закана за потенцијалните клиенти, бидејќи новите бранови на заразени ги поткопува надежите за закрепнување.

Ова е значителен скок од 2020-та година, кога пандемијата доведе до намалување на глобалната трговија од 5,3%, помалку од предвидениот пад од 9,2% во октомври, велат од „СТО“ во извештајот објавен во Женева. Глобалната трговија може да порасне за 4% во 2022-ра година, се вели во извештајот.

Забрзувањето на вакцинациите може да ја врати трговијата во својот тренд пред пандемија, но побавната дистрибуција на вакцините може да доведе до контракција од два процентни поени, им рече на новинарите генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.

– Брзата дистрибуција на вакцините е најдобриот поттик за закрепнување. Само со зголемената вакцинација можеме да ја вратиме економијата во полна брзина – рече таа.

Бруто домашниот производ падна за 3,8% во 2020-та година, што е помалку од предвидуваното, и може да се зголеми за 5,1% во оваа година и за 3,8% во 2022-ра година, според податоците на „СТО“.

„Одржувањето на меѓународните пазари отворени ќе биде од суштинско значење за економско заздравување од оваа криза, а брзата, глобална и правична дистрибуција на вакцините е предуслов за силното и одржливо закрепнување што ни е потребно на сите“, рече Оконџо-Ивеала во извештајот.

Растот на побарувачката за стоки во втората половина од 2020-та година помогна да се балансираат првичните нарушувања предизвикани од Ковид-19 во светската трговија, што резултира со помал годишен пад отколку за време на глобалната финансиска криза, кога глобалната трговија на стоки падна за 12% и БДП-то се намали за 2%.

Во моментов, повеќе од 2,8 милиони луѓе ширум светот починаа од Ковид-19, а бројот на заразени на глобално ниво наскоро ќе надмине 130 милиони. Брзото ширење на многу вакцини и нивното континуирано продирање во големите активни трговски земји може да додаде околу еден процентен поен на светскиот БДП и околу 2,5 процентни поени на растот на светската трговија со стоки во 2021-ва година, се вели во извештајот на „СТО“.

Но, ширењето на повеќе заразни и смртоносни варијанти на вирусот претставува закана бидејќи Бразил, Франција и други земји се борат со растечките случаи на заразени и метежи во болниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП