28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа може да има дигитално евро за четири години

Европа може да има дигитално евро за четири години

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во интервју за телевизијата „Bloomberg“ го коментираше воведувањето дигитална валута, која би можела да биде објавена до „средината на оваа деценија“, доколку проектот добие зелено светло во текот на ова лето.

„Мораме да се осигураме дека ќе го сторивме тоа како што треба – им го должиме на Европејците“, рече Лагард. „Да бидеме реални во врска со ова – мислам дека целиот процес ќе трае уште четири години, можеби малку подолго“, предвиде Лагард.

„ЕЦБ“ е пред објавување на анализа со 8.000 одговори на прашањата што ги доби како дел од јавната консултација за потенцијално издавање на дигитална валута од страна на централна банка. Тој ќе биде испратен до Европскиот парламент, а потоа Управниот совет на ЕЦБ ќе одлучи во средината на оваа година дали ќе оди напред со практични експериментални чекори.

„Втората одлука за тоа дали ќе биде пуштена дигитална валута ќе биде донесена шест месеци до една година подоцна“, рече таа.

„Тоа е технички потфат, како и фундаментална промена. Треба да се осигураме дека не кршиме никаков систем, туку да го подобриме“, рече Лагард.

Во едно интервју, претседателката на „ЕЦБ“ исто така рече дека банката ќе ги искористи сите свои инструменти доколку инвеститорите се обидат да ги зголемат приносите на обврзниците.

„Тие можат да не тестираат колку што сакаат. Имаме алатки за употреба и ќе ги користиме по потреба“, вели таа.

„ЕЦБ“ ја засили својата монетарна поддршка овој месец за да се спречи зголемувањето на приносот на обврзниците, кои се закануваат да го поткопаат економското закрепнување на еврозоната од пандемијата.

Приносот се зголеми, поттикнат од економскиот раст на САД и пакетот од 1,9 трилиони долари за фискален стимул доделен од администрацијата на претседателот Бајден.

За разлика од Соединетите држави, еврозоната ги забавува вакцинациите и ги продолжува деловните и социјалните ограничувања, борејќи се против третиот бран на коронавирусот. Заедничкиот фискален пакет на блокот од 750 милијарди евра нема да биде активен до јуни.

Лагард се надева дека ратификувањето на Фондот за реконструкција на Европската унија во Германија ќе се случи што е можно поскоро за регионот да може да добие итна фискална поддршка.

Нејзината изјава уследи откако германскиот суд привремено го прекина процесот на ратификација, иако законот беше одобрен од парламентот на земјата.

„Силно се надеваме дека парите од фондот ќе почнат да се исплаќаат во втората половина на 2021-ва година“, рече таа во едно интервју, додавајќи дека прашањето кога точно ќе започне ова зависи од земјите-членки што треба да го ратификуваат инструментот.

Лагард изрази надеж дека судскиот спорт во Германија ќе се реши брзо.

„Не сакам да судам однапред, но се надевам дека има начин да се постигне договор“, рече таа.

Секој потег за блокирање на учеството на Германија во фондот претставува ризик за стимулативниот план на регионот, кој вклучува грантови за итни случаи и заеми насочени главно кон најзасегнатите земји. Лагард истакна дека комбинацијата на поддршка на фискалните и монетарните инструменти е неопходна за стимулирање на закрепнувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП