16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа патување во странство без добра причина, казна од 6.000 евра

За патување во странство без добра причина, казна од 6.000 евра

Граѓаните на Велика Британија може да бидат казнети со 5.000 фунти (околу 5.800 евра) доколку патуваат во странство на одмор по 29 март.

Новата одлука треба да биде на сила до јуни и ќе важи за сите оние кои непотребно патуваат во странство.

Единствените дозволени причини за напуштање на земјата вклучуваат работа, студирање, законски обврски, преселување или големи настани од животот, како што се присуство на свадби или погреби.

Забраната за патување, сепак, не се однесува на посети на Каналските острови, Островот на Ман и Република Ирска.

Според новите правила, луѓето кои треба да ја напуштат земјата исто така мора да пополнат формулар со детални причини за патувањето. Доколку не го сторат тоа, ќе треба да платат казна од 200 фунти.

Поради пандемијата на коронавирус низ Европа, некои земји би можеле да се најдат на британската „црвена листа“, пренесуваат медиумите. „Црвената листа“ беше воведена како дел од регулативите за патувања чија цел е да се спречи влегувањето на нови видови на коронавирус во земјата.

Во моментов на црвената листа се наоѓаат Аргентина, Ангола, Еквадор, Перу, Јужна Африка, Етиопија, Оман, Катар и Сомалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП