28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанците се најсреќните луѓе во светот! Еве зошто...

Данците се најсреќните луѓе во светот! Еве зошто…

dancite1

Данците се најсреќните луѓе во светот. Тоа е заклучокот на приказната која ја објави британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ за животот во Данска. Како причина за среќата се наведува фактот дека Данците, за разлика од другите, не тежнеат кон парите, општествениот статус и не обрнуваат внимание на големината и изгледот на куќата во која живеат.

„Оваа земја со многу мала популација, живее еден пријатен и идиличен живот. Данците, на пример, во просек работат помалку од некои држави во Европа, но, исто така, и заработуваат помалку од некои европски земји, како што е Велика Британија. Тоа воедно е земја во која жените земаат поголем простор на пазарот на трудот, за разлика од останатите во Европа, но исто така, ова е земја во која не се работи до доцна во ноќта, како што е практика во некои земји“ – се наведува во репортажата на „Би-Би-Си“.

Кога сите наведени особини ќе се земат во предвид, „Би-Би-Си“ се прашува како тоа им успева на Данците и како Данците не покажуваат поголеми амбиции и желба за успех и градење на сопствената кариера?

Познатиот професор од данскиот Универзитет Архаус, Кристијан Бјорнсков, објаснува дека Данците се „среќни и задоволни луѓе бидејќи не сакаат да ги истакнуваат своите успеси и не ги интересира нечиј социјален статус кога се впуштаат во пријателски или општествени односи“.

„Данците се амбициозни. Но, тие не сакаат секому да му ги покажуваат своите амбиции. Тие сакаат да остварат успех, но сакаат тоа да го истакнат во јавноста. Исто такa, кај нив ќе забележите луѓе кои имаат општествени врски со некои кои имаат различен социјален статус од нив. Така, кај нив е нормална појавата тие да играат голф со својата дадилка, како и тоа да играат тенис со некој кој има комплетно поинаков живот. Тоа значи дека прифаќаат различни начини на живот. Кај нив не постојат начини на живеење кои се табу теми. Кај нив нема вистински или погрешен живот, така што во Данска можете да си изберете живот кој на вас најмногу ќе ви одговара“ вели овој професор по економија кој се занимава со истражување на односот на задоволството во животот и материјалниот статус во општеството.

Инаку, според резултатите на последниот Индекс на животно задоволство, Данска е прва, а по неа следат Финска, Швајцарија, Норвешка и Шведска.

„Би-Би-Си“ напоменува дека во Данска семејството како општествена институција е многу стабилно и има многу здрави основи, тие наведуваат дека речиси сите жени во Данса работат и нивните деца не им претставуваат препрека во нивната кариера бидејќи државата се грижи за нив.

Исто така, како и во повеќето европски земји работното време на Данците трае од 8 до 16 часот и Данците најчесто после работа одат дома, за да поминат квалитетно време со семејството.

„Би-Би-Си“ наведува дека Данците плаќаат високи даноци. Оние кои сакаат да остварат големи успеси во животот и кои сакаат да бидат над просекот плаќаат и повисоки даноци од остатокот на општеството.

„Животот на еден просечен Данец во Велика Британија би бил по малку неуспешен и чуден бидејќи во оваа островска земја сите се натпреваруваат за успехот и за кариерата“, заклучува „Би-Би-Си“ во репортажата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП