8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BlackBerry“ разочара со своите нови финансиски резултати

„BlackBerry“ разочара со своите нови финансиски резултати

Канадската компанија „BlackBerry“ не успеа да ги исполни очекувањата за приходите на Волстрит за четвртиот квартал, иако продажбата на нејзиниот автомобилски софтвер „QNX“ покажа подобрување.

Акциите во Соединетите држави на „BlackBerry“, која продава софтвер за безбедност на компании и влади, како и софтвер за инфо-забава на производители на автомобили, паднаа за скоро 4 проценти во тргувањето по работното време.

Побарувачката за софтверот „QNX“ што го користат компании како „Volkswagen“ и „Ford Motor“, се најде под притисок поради слабото закрепнување на автомобилската индустрија во САД со оглед на глобалниот недостиг на чипови и проблемите со пандемијата.

„Годината беше исклучителна за да се справиме, но ние сме задоволни од постојаното закрепнување на „QNX“ и покрај новите предизвици на глобалниот недостиг на чипови“, изјави извршниот директор Џон Чен.

Акциите на компанијата котирани во САД бележат раст од скоро 41% од почетокот на годината.

Приходите на „BlackBerry“ паднаа на 210 милиони долари во четвртиот квартал кој заврши на 28-ми февруари. Ова се покажа дека е под очекувањата на аналитичарите од 245,1 милиони долари, според „Refinitiv“.

Со исклучок на некои ставки, компанијата објави заработка од 3 центи по акција, исполнувајќи ги предвидувањата.

Сепак, нето-загубата се искачи на 315 милиони долари или 56 центи по акција, од 130 милиони долари или 23 центи по акција, од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП