26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВакцината на Астра Зенека доби ново име

Вакцината на Астра Зенека доби ново име

Компанијата Астра Зенека го промени името на својата вакцина против коронавирус од „Астра Зенека Ковид-19 вакцина“ во „Vaxzevria“.

Во соопштението за медиумите, компанијата истакна дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да бидат запознаени со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри ново име за вакцината, кое веќе се најде на официјалната веб-страница на Агенцијата.

Стари проблеми

Новото име на вакцината, развиена од Астра Зенека и Универзитетот во Оксфорд, беше воведено бидејќи компанијата се соочува со недоверба во безбедноста на вакцината поради извештаите за згрутчување на крвта и смртта на лицата кои ја примиле во некои земји.

Да потсетиме, повеќе од десет земји ширум Европа привремено ја прекинаа вакцинацијата со вакцината „Астра Зенека“ на почетокот на овој месец, поради извештаи за згрутчување на крвта и неколку сомнителни смртни случаи.

Откако експертите од Европската Агенција за лекови неколку пати посочија дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците и дека нема докази дека вакцината предизвикува несакани ефекти, повеќето земји ја вратија во употреба.

Сепак, властите во Канада денес ја суспендираа употребата на вакцината „Астра Зенека“ за лица помлади од 55 години, поради загриженост дека може да биде поврзана со ретки случаи на згрутчување на крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП