Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 2 до 6, а максималната од 13 до 21 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

