Во Заводот за вработување во Црна Гора како невработени лица во моментов се пријавени 30,139, а стапката на невработеност изнесува 12,99 проценти, покажува најновиот извештај на Заводот за вработување во оваа земја.

Најголемата стапка на невработеност во Црна Гора – 32,7 проценти беше забележана во јули 2000 година, а најниската – 10,1 проценти во август 2009 година.
Заводот за вработување од почетокот на оваа година евидентирал 8,985 ново вработени лица, а издадени се и 15,697 работни дозволи за нерезиденти.