25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKaspersky Lab купува деловен центар за 350 милиони долари

Kaspersky Lab купува деловен центар за 350 милиони долари

olimpiakaspersky

Рускиот произведувач на антивирусен софтвер „Kaspersky Lab“  ќе купи бизнис центар од компанијата „О1“, комплекс наречен Олимпија парк, кој се наоѓа на автопатот во Ленинград, Москва.

Договорот за купување ќе биде потпишан наскоро, објави весникот„Vjedomosti“.

Моментално „Kaspersky“ поседува најголема квадратура во деловниот простор, нешто повеќе од 29.800 метри квадратни.

Деловниот центарот Олимпија парк е отворен во јули 2011 година и располага со три петоспратни деловни згради со вкупна површина од 70.500 квадратни метри, површина за издавање од 46.000 квадрати, спортски комплекс со базен, подземен паркинг и парк.

Просторот се издава на компании на основа на долгорочни договори, а по нивното истекување, новиот сопственик може да го користи целиот деловен центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП