25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот повторно расте и останатите крипто-валути напредуваат

Биткоинот повторно расте и останатите крипто-валути напредуваат

Вчера, компанијата за картички Виза започна пилот програма за плаќања со криптовалути, со акцент на крипто доларот, односно на алтернативната валута USDC.

Светот на дигитални пари се развива од ден на ден, и поради оваа вест, биткоинот повторно го надмина прагот од 58.000 долари во вредност, првпат во последните седум дена. Во моментов е близу 59.000 долари.

Имено, вчера попладне, дигиталната монета скокна за 4% (достигна вредност од 58.353 долари), според податоците на „Коиндеск“. И другите крипто-валути напредуваа вчера, бидејќи плаќањето за нив – во редовна смисла – е сè поблиску до реализација и масовна примена.

Така, етериумот се зголеми за околу 5 проценти, а XRP за околу 3 проценти. Потсетуваме дека најновиот потег на Visa, базиран на етериум блокчеин технологија, ја елиминира потребата од претворање на дигиталната во традиционална валута, при извршување на трансакција.

Виза планира да им овозможи на повеќе компании да ја користат оваа опција во иднина. Поточно, биткоинот се искачи за 100% од почетокот на 2021 година и само оваа година постави максимален рекорд од 61,556 долари.

Можете ли да замислите свет каде ќе плаќаме со криптовалути? Пишете ни во коментарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП