27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШок на Волстрит: Банките продаваат сè што имаат, исчезнуваат милијарди, започна „ликвидација“...

Шок на Волстрит: Банките продаваат сè што имаат, исчезнуваат милијарди, започна „ликвидација“ на акции на берзата

Банките Голдман Сакс и Морган Стенли продадоа акции во блок-тргување на Вол Стрит, кои ги поседуваа во кинески технолошки и американски медиумски компании, за вкупно 19 милијарди долари.

Вредноста на овие блок-трансакции ги шокираше брокерите кои се прашуваат што е причината за овие невообичаено масовни продажби и дали овој тренд ќе продолжи.

Само Голдман Сакс „ликвидирал“ акции во вредност од 10,5 милијарди долари во блок-тргување во петокот, објави „Блумберг“, повикувајќи се на електронската пошта на таа инвестициска банка испратена до клиентите.

Првата серија, која вклучуваше акции на Baidu, Tencent Music Entertainment Group и Vipshop Holdings во вкупна вредност од 6,6 милијарди долари, беше продадена пред отворањето на пазарот во петокот. Подоцна истиот ден, банката наводно продала акции во вредност од 3,9 милијарди долари што ги имала во американските медиумски конгломерати ViakomCBS и Discovery, како и во некои други помали компании.

Друга американска инвестициска банка вклучена во блок трансакцијата е Морган Стенли, која во петокот понуди две серии акции во вредност од по четири милијарди долари, пренесува Фајненшл тајмс.

Иако блок-тргувањето, каде што продавачите бараат купувачи за голема количина хартии од вредност по цена која понекогаш приватно се преговара меѓу двете страни, е вообичаена работа, поради обемот на трансакции направени во петокот, многумина на Волстрит „ги кренаа веѓите”.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата 25-годишна кариера“, изјави за Блумберг – Мајкл Киуч, портфолио менаџер на швајцарската брокерска куќа „Белвил Асет Менаџмент“.

Друг управител на портфолио, Фредерик Хилднер, кој работи за германската компанија Салм-Салм и Партнер, проценува дека станува збор за „невидена“ продажба.

Оливер Пурч, виш потпретседател на „Велтспајер Адвајзорс“, рече дека настанот е „крајно необичен“, додавајќи дека играчите на пазарот сега се прашуваат дали може да следи нов бран на блок-трговија, што ќе ги разниша цените на погодените акции.

Второто прашање е нејасната причина за споменатите блок-трансакции.

„Фајненшл тајмс“ наведува, повикувајќи се на информирани извори, дека Голдман Сакс ја објасниле својата продажба со „присилно раздолжување“.

Во исто време, CNBC известува дека притисокот врз продажбата на акции на американски медиумски куќи, како и кинески технолошки компании, е поврзан со присилна ликвидација на позициите што ги држеше семејната канцеларија за инвестиции „Arkegos Capital Management“.

„Недостатокот на факти за овој потег ја прави ситуацијата загрижувачка, затоа што инвеститорите не знаат дали станува збор за ликвидација на само еден фонд или повеќе од еден фонд, ниту пак кои причини стојат зад тоа“, заклучи Пурч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП