26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на шпанската економија во четвртиот квартал

Стагнација на шпанската економија во четвртиот квартал

Шпанската економија стагнираше во четвртиот квартал од 2020-та година, поддржана од владините трошоци и земјоделството што спречи пад на активностите поради новите мерки на штедење за борба против пандемијата на коронавирусот.

Првата проценка за четвртиот квартал покажа раст од 0,4 проценти во однос на претходните три месеци.

Во периодот од јули до септември, активностите скокнаа за 17,1 проценти, според новите проценки, благодарение на укинувањето на строгите мерки за затворање. Првата проценка покажа зголемување од 16,4 проценти.

Минатата година економијата падна за рекордни 10,8 проценти, соопшти шпанскиот Завод за статистика, малку олеснувајќи ја претходната проценка дека потонала за 11 проценти.

Земјоделско закрепнување

Главната тежина за економијата беше услужниот сектор, притиснат од падот на малопродажбата, транспортот и угостителските активности од дури 21,6 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2019-та година.

Светла точка беше земјоделството, кое силно закрепна и единствено забележа раст во 2020-та година.

Според Заводот за статистика, државните трошоци и инвестициите исто така дадоа позитивен придонес кон БДП-то во последниот квартал од минатата година.

Клучниот туристички сектор, кој генерираше 10 проценти од БДП-та пред пандемијата со Ковид-19, продолжува да страда од тешките последици од ограничувањата на патувањето и сè уште не покажува знаци на закрепнување.

Шпанија минатата година ја посетиле 80 проценти помалку странски гости, само 19 милиони од нив, а најмалку во изминатите 50 години.

Тежок почеток на годината

На почетокот на 2021-ва година, со доаѓањето на третиот бран на пандемијата, Шпанија воведе нови ограничувања, придушувајќи го првичниот оптимизам дека економијата може брзо да закрепне.

Според тоа, централната банка ја олесни проценката за растот во 2021-ва година на шест проценти, од претходно предвидените 6,8 проценти.

За првиот квартал од оваа година, сега предвидува пад на економијата од 0,4 проценти.

Министерката за економија Надија Калвино деновиве изјави дека засега може да се прочитаат мешани сигнали од економските индикатори, потсетува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП