30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени цените на угостителските услуги

Зголемени цените на угостителските услуги

restorant2

Цените на угостителските услуги во јули годинава се повисоки за 0,1 отсто во споредба со минатиот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 отсто, Алкохолни пијалоци за 0,4 и Безалкохолни пијалоци за 0,1 отсто.

Цените на угостителските услуги во јули годинава, пак, во однос на истиот месец од претходната година, пораснале за 2,1 отсто.

Во првите шест месеци од годинава се бележи зголемување на цените на угостителските услуги од 1,1 отсто во однос на истиот период од ланската година, додека во однос на декември 2012 година цените пораснале за 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП