17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре започнува вакцинацијата со „Астра зенека“ во Македонија, втората доза за...

Од утре започнува вакцинацијата со „Астра зенека“ во Македонија, втората доза за три месеци

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека в среда ќе почне вакцинирањето со „Астра зенека“ на 20.000 пријавени граѓани, кои се над 75-годишна возраст. Тие ќе бидат контактирани преку матичните лекари и ќе се утврди на кој пункт ќе бидат вакцинирани.

За масовната вакцинација се подготвува aрената „Борис Трајковски“ во Скопје. Ќе има 30 позиции за вакцинирање, а ќе бидат ангажирани лекари и медицински сестри од Здравствениот дом – Скопје.

Во меѓувреме, според најавите, се очекува пристигнувањето на дополнителните вакцини од Кина и компанијата „Фајзер“, а оваа недела треба да се потпишат и договорите со земја членка на ЕУ.

„Во април очекуваме вакцини од повеќе места за по оваа прва група граѓани над 75 години, да бидат повикани на вакцинација и други граѓани“, рече Филипче.

Министерот уверува дека ќе се обезбедат доволно количини од „Астра зенека“ за втората доза по три месеци од примањето на првата.

Тој рече дека земјата ќе снабди вакцина за втората дози и за македонските граѓани што се вакцинирале во Србија.

„За ‘Астра зенека’ ја преземаме препораката дека втората доза треба да биде за три месеци, а веќе имаме најава дека преостанатите количини до 100.000 треба да стигнат во април. Чекаме и податоци за наши државјани што се вакцинирале за да се планира втората доза да ја примат тука“, рече Филипче.

Министерот засега нема да се вакцинира со оваа вакцина, туку ќе почека да стигнат поголеми количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП