Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува.
До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.