Уживајте во напитоците кој ќе го обноват вашиот организам и ќе го ослободат од токсини и масти…
Лошата исхрана и изложеноста на стресот и загадувањата од околината оставаат последици по нашето здравје. Црниот дроб е орган кој можеби најмногу страда, а ако тој не работи како што треба, тоа може да се одрази на останатите органи.
Ви претставуваме три рецепти за напитоци кои ќе го обноват црниот дроб, ќе го исчистат организмот од вишокот масти и ќе го поправат вашето здравје.
Напиток за детоксикација од куркума
Овој напиток врши детоксикација на црниот дроб, ги елиминира токсините од цревата и спречува појава на камен во бубрезите.
Помешајте ½ лажица куркума, малку рендан ѓумбир, сок од еден лимон и половина шолја вода.
Зелен чај со лимон
Состојките од овој напиток го забрзуваат исфрлувањето на штетни материи од организмот.
Помешајте сок од половина лимон, половина шолја оладен зелен чај и една пасирана банана.
Шарен напиток
Ако пиете 2-3 чаши од овој напиток дневно, работата на црниот дроб значително ќе се зголеми и ќе ги исфрлите токсините од организмот.
Во блендер измешајте ги однапред исецкани намирниците – една краставица со средна големина, половина лимон, една пиперка, една јаболка.