19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоколку биткоинот достигне 182 000 долари, неговиот творец ќе стане најбогатиот човек...

Доколку биткоинот достигне 182 000 долари, неговиот творец ќе стане најбогатиот човек на планетата

Доколку вредноста на биткоинот достигне 182 000 американски долари, неговиот „творец“ Сатоши Накамото (кој поседува околу милион биткоини) би станал најбогатиот човек на планетата.

Биткоинот паѓаше до четвртокот, дното беше нешто помалку од 51.000 долари, но потоа се опорави прилично брзо. Синоќа чинеше околу 56.000 долари. Тоа се извонредни 93 проценти повеќе по влегување во 2021 година. Златото, во меѓувреме, изгуби повеќе од осум проценти од својата вредност. Првиот квартал, кој истекува во среда, ќе биде најдобар за биткоинот по осум години. Историјата покажува дека по успешниот прв квартал, следи уште подобар втор квартал.

Деновиве се случува нешто ново кога зборуваме за односот на различните видови на средства. Биткоинот сега расте и покрај силата на американскиот долар на девизните пазари. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на зелениот курс во однос на кошницата со главни валути, се искачи на 92,52 – највисокото ниво од 24 ноември.

Двете класи на средства обично се движат во спротивни насоки од март 2020 година. Сепак, инверзната корелација е ослабена нешто во последниве денови. Биткоинот успеа да се задржи над нивото од 50.000 УСД и покрај порастот на индексот на доларот.

Мајк МекГлоун, искусен аналитичар на Блумберг, предвидува дека биткоинот ќе стане глобална дигитална резервна валута за секој кој бара заштита од инфлација. Дури и оваа година, ако ги погледнеме примероците од 2013 и 2017 година, цената може да достигне 400 000 американски долари, смета МекГлоун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП