Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во однос на цените одредени минатата недела.
Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намали за 1,50 денар.

