25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКопнената рута станува сè попривлечна за кинескиот извоз во Европа

Копнената рута станува сè попривлечна за кинескиот извоз во Европа

Зголемувањето на времето на испорака на стоки по море и недостатокот на контејнери го прават транспортот на стоки по копно од Кина до Европа попривлечна алтернатива од морските патишта за кинески извоз, пишува „Financial Times“ (FT), повикувајќи се на извори во транспортната индустријата.

„FT“ наведува дека во првите два месеци од оваа година биле испратени повеќе од две илјади товарни возови од Кина во Европа, што е двојно повеќе отколку во истиот период од минатата година. Тој додава дека во 2020-та година, железничкиот товарен сообраќај од Кина кон Европа е зголемен за 50 проценти, а од 2016-та година до денес дури седум пати.

Експертите на „Financial Times“ сметаат дека причината за овој раст е зголемувањето на трошоците за морскиот транспорт.

Тие забележуваат дека брзото економско закрепнување на Кина по пандемијата на коронавирусот и овозможи на земјата „да доминира во глобалната трговија во втората половина од 2020-та година“.

Според весникот, воведувањето карантин во многу земји низ светот ја зголеми побарувачката за разни електронски уреди и апарати за домаќинство од Кина. Во исто време, бавниот транспорт на стоки по море ги принуди кинеските компании да се свртат кон алтернативна рута – по копно преку Русија и земјите од Централна Азија.

Но, во вкупниот кинески извоз, учеството на стоката што се превезува со железница е занемарливо, се вели во весникот. Само во јануари, околу два милиони контејнери беа испорачани преку пристаништето Јангшан во Шангај, во споредба со вкупно 209.000 железнички контејнери во првите два месеци од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП