Машина за чистење пропаднала утрово кога се отворила дупка во плочникот на плоштадот Македонија во Скопје, во непосредна близина на фонтаната „Воин на коњ“.
Во инцидентот нема повредени лица.
Ова е вторпат сервисно возило да пропадне на главниот плоштад.
Во јуни 2017 пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски шампион.
