2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако ве претставува бојата на вашата облека?

Како ве претставува бојата на вашата облека?

boja1

Сите знаеме дека боите имаат влијание на личноста, и постојат цели теории кои се занимаваат со последиците од влијанието на боите на нас, како што е хромотерапија.

Но, облеката е дел од невербалната комуникација со која им испраќаме пораки на луѓето со кои разговараме, и во тој сегмент е потребно да обрнете внимание за да не бидете погрешно разбрани.

Ускладувањето на боите може да не прикаже на различни начини, а со тоа треба да го прилагодиме и начинот на однесување и вербална комуникација со која ќе покажеме што сакаме.

Еве неколку совети за изборот на боите и нивното значење:

Жолта – дава елан и ја зајакнува самодовербата. Доколку сакате да привлечете внимание и да ја истакнете својата личност – облечете нешто жолто. Делува смирувачки.

Виолетова – Ако сакате да се заштитите од неразумни барања, виолетовата боја е добар избор. Ја симболизира возвишеноста, достоинственоста и племенитоста. Не се препорачува во деловниот свет бидејќи не прави замислени, неодлучни и преоптоварени.

Бела – дава поттик, ефикасност и јасност.

Розева – испраќа порака дека личноста се грижи за другите. Дава благост и пристапност.

Сива – испраќа порака за префинетост, професионалност. Со неправилна комбинација со други бои, може да испрати порака дека личноста е со ниска самодоверба.

Црна – дава впечаток за професионалност и одлучност, но и за дистанцираност.

Црвена – зрачи со самодоверба и енергија. Многу внимателно со таа боја. Дава впечаток на агресивност.

Зелена – доколку сакате да се вклопите во работното опкружување и да ги избегнете задачите – облечете зелено. Симболизира ведрина.

Сина – боја на разумот и ризикот. Добар избор.

Дали сега знаете која боја ќе ја изберете при изборот на облека за вашето интервју за работа, или пак, вашиот деловен состанок, презентација на проект или пак некој сериозен состанок со потенцијални инвеститори во вашата компанија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП