18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеска вакцина во три дози?

Кинеска вакцина во три дози?

Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) ќе ги испита резултатите од третата фаза на клиничко испитување во странство, со цел да одлучи дали двојната доза од нивната вакцина за коронавирус треба да биде проследена со друга ревакцинација.

Според Ројтерс, регулаторите и производителите на вакцини ја испитуваат оваа можност поради загриженост дека новите сорти на коронавирус можат да ја ослабнат заштитата создадена од вакцината, направена од оригиналните соеви.

Според резултатите од клиничките испитувања, антителата произведени од кинеската вакцина траат околу шест месеци, изјави Жанг Јунтао, потпретседател на CNBG, филијала на Синофарм.

„Прелиминарните резултати досега покажаа дека дополнителната ревакцинација може да го зголеми бројот на антитела и истовремено да ја подобри способноста на вакцината да се одбрани од мутациите на вирусот. „Дали е неопходна дополнителна ревакцинација и кога треба да се прими, доколку е потребна, ќе покажат резултатите од идната трета фаза на клинички испитувања“, рече Жанг на прес-конференција.

Антителата произведени со двојна доза вакцина Синофарм имаат „многу добар“ неутрализирачки ефект врз британските и јужноафриканските соеви на вирусот, додаде тој, повикувајќи се на резултатите од лабораториските тестови кои користеле примероци на крв од учесници во клиничката студија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП