2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го надминете разочарувањето кое се појавува при потрагата по работа?

Како да го надминете разочарувањето кое се појавува при потрагата по работа?

findjob1

Потрагата по работа многу често станува долготраен и осамен процес. Како да останете свежа личност кога ќе настапи заморот и разочарувањето?

Потрагата по работа може да биде многу здодевен, долготраен и осамен процес-особено ако му посветите голем дел од од вашето време. Потоа се создаваат услови за почеток на критична и откажувачка ситуација. На кратко: се губи волјата и желбата за целосна ангажираност во аплицирањето за работа. Еве неколку совети како да го одржите свежиот и позитивен став, кој во многу случаи е од клучно значење кај работодавците при изборот на кандидатите. Рамнодушноста и немањето на волја можат да ви пресудат, на пример, веднаш во првиот круг од разговорите.

Вклучете ги и другите луѓе

Информирајте ги луѓето околу вас (семејството, пријателите, поранешните колеги), во врска со вашата потрага по работа, исто така, информирајте ги за вашето образование, работно искуство, останати способности и предности, вклучувајќи ги и негативните и позитивните работи. Семејството и пријателите можат да бидат голем извор на поддршка, но исто толку е важно и да остварите нови контакти околу себе, првенствено со останатите невработени со кои го делите заедничкиот интерес: пронаоѓањето на работа. Исто така, колку е поголема вашата група на луѓе со кои сте во контакт, толку поголеми ви се и шансите да дознаете, на пример, за отварањето на нови работни места пред да биде објавен огласот. Тогаш ќе можете да се подготвите за пријавувањето многу порано.

Излезете и дадете им шанса на луѓето да ве запознаат

Навистина е примамливо да го поминете целото свое време пред компјутерот додека сте во потрага по работа и да се уверите себе си дека тоа е се што можете да направите. Иако тоа е одлична алатка за истражување на компанијата, новите огласи и можностите, успешната потрага по работа, најчесто бара комбинација на неколку пристапи одеднаш. Многу е важно да излезете и да запознаете луѓе, сфатете го ова како многу важно правило. Започнете да ги посетувате сите настани од вашата бранша, обидете се да се запишете во различни организации или станете волонтер, всушност сите активности кои ќе ви ја отворат вратата до новите пријателства се добредојдени. Пример за директен контакт со работодавците се отворените денови во компаниите или се почесто организираните саеми.

Организирајте ја вашата потрага по работа

Поставете си дневни и неделни цели, следете го својот напредок со евиденција на активности (на пример, следете го бројот на испратени молби за работа). Исто како што оваа евиденција може да ви помогне, односно да ве спречи да испратите две молби во една компанија, така може и на многу јасен начин да ви ја претстави вашата ангажираност и може да биде ваша огромна мотивација за уште поголем труд и посветеност. На овој начин нема толку да ви пречат одбивањата и нема така лесно да паднете во разочарување кое најмногу се должи на неорганизираноста и неактивноста. Ставете ги на хартија сите компании во кои мислите дека би можеле да работите, започнете со ред, распределете ги според вашите критериуми. Исто така, можете да направите и табела со новите контакти  на луѓе со кои сте се сретнале. Ориентирајте се на контактите кои ве водат до компанијата во која сакате да работите. Водете евиденција за времето и однапред испланирајте колку време ви е потребно за да се подготвите за одредено интервју или за прилагодување на биографијата со цел таа најмногу да одговара на барањата на работодавецот.

Одвоете време за одмор и фокусирајте се на себе

Потрагата по работа е напорна работа. Континуираното усовршување и модифицирање на апликациите и биографијата, следењето на вестите за потенцијалните нови работни места, следењето на порталите со огласи, блоговите и форумите заедно со дополнителните истражувања на интернет или во весниците бара многу време и енергија. Многу е важно во текот на овој процес да останете свежи и да земете време за одмор. Најважно е одморот и релаксацијата да не ги гледате како губење на времето. Исто така, некоја редовна физичка активност како што се трчањето или пливањето можете да ги искористите во вашата биографија. Факт е дека повеќето работодавци ги ценат кандидатите на кои им е важно здравјето и физичката подготвеност.

Задржете го сонот жив

За повеќето свежо вработени, како и за оние кои сакаат да ја променат сегашната долгогодишна работа, работата од соништата не е таа која моментално ја работат. Всушност, статистички, таа работа од соништата е реално многу далеку ако судите според своите способности и вештини и е сосема нормално да сакате да ја работите работата која повеќе ќе ви одговара. Обидете се да се задржите на тактиката „отскочни каменчиња“. Ако не ви се отвори прилика за „директен скок“ на работното место кое го сакате, обидете се да се фокусирате на другите работни места кои ве водат се поблиску до посакуваното работно место. Во исто време, останете во контакт со луѓето кои можат да ви помогнат за тоа работно место. Иако вашата сегашна работа може да биде многу демотивирачка, секогаш бидете подготвени за скок нагоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП