15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНЕСКО: Корона кризата предизвика катастрофа во образованието

УНЕСКО: Корона кризата предизвика катастрофа во образованието

УНЕСКО предупреди дека во светот, 20 проценти повеќе ученици во 2020 година не ги стекнале основните вештини за читање што се очекувале за нивната возраст, поради делумното затворање на училиштата за време на пандемијата КОВИД-19.

„Бројот на деца со потешкотии во читањето се зголеми за 100 милиони и достигна 584 милиони минатата година, што е пораст за повеќе од 20 проценти, што го неутрализира напредокот постигнат во последните две децении“, стои во деталниот извештај на Образовната и културна научна организација на Обединетите Нации, во кој се вели дека е „генерациска катастрофа“.

Овој клучен индикатор ја мери способноста за читање на децата во второ и трето одделение од основно училиште секоја година, што се основно знаење кое, ако не е солидно, може да го попречи учењето на учениците на долг рок.

УНЕСКО стравува дека ќе следи децениско пореметување поради корона кризата и повикува на вонредни напори, како што се воведување курсеви и стратегии за да се надополни ова заостанување.

„Образованието треба да биде приоритет во мерките преземени кон здравствената криза и во плановите за закрепнување“, изјави генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај, за Франс Прес.

„Треба да се мобилизира меѓународната соработка за да се почитува основното право на образование и да се обезбеди континуитет на учењето“, рече Азулај пред меѓународниот состанок на министрите за образование на 29 март.

Делумни отворања на училишта

Во извештајот се наведува дека 65 проценти од владите во земјите со ниски примања го намалиле финансирањето за образование, во споредба со 35 проценти во земјите со високи примања.

„Загубите во учењето“ ќе бидат најголеми во Латинска Америка и Карибите, како ии во Централна и Јужна Азија. Училиштата се целосно затворени во околу триесет земји, вклучувајќи ги Мексико, Унгарија и Саудиска Арабија.

Повеќето земји се определија за делумно отворање под одредени услови, како што се Соединетите Американски Држави, каде што лутите родители организираат демонстрации од почетокот на годината.

Училиштата се целосно отворени во околу половина од земјите во светот (107), претежно во Африка, Азија и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП