1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеталот кој поскапе повеќе од биткоинот од почетокот на 2020-та

Металот кој поскапе повеќе од биткоинот од почетокот на 2020-та

Криптовалутата биткоин се зголеми за 83 проценти од почетокот на годината, но има една актива на пазарите на стоки што може да се пофали со уште посилни перформанси.

Цената на иридиумот, еден од најретките благородни метали, се зголеми за повеќе од 130% од јануари, според „Bloomberg“.

Иридиумот, всушност, се извлекува како остаток од екстракција на платина и паладиум.

Главната причина за нејзиниот пораст е поврзана со ограничената понуда заради проблеми во синџирите на снабдување во 2020-та година, како и зголемената побарувачка.

Иридиумот е една од главните компоненти во производството на дигитални дисплеи, но исто така е широко користен во медицината, како и во производството на некои компоненти за автомобилската индустрија, како што се свеќичките за моторите со внатрешно согорување.

Пазарот на иридиумот е многу помал од другите благородни метали, а главните играчи се индустриските компании отколку шпекулативните трговци. Но, токму поради оваа причина, неговата цена е исклучително чувствителна на можни проблеми со производството и снабдувањето.

Во моментов чини околу 6.000 долари за унца, за разлика од нешто повеќе од 2.500 долари на крајот на декември.

Поскапувањето на иридиумот делумно се должи на ограничените инвестиции во последните неколку години во нови рудници за платина, бидејќи екстракцијата на двете суровини е тесно поврзана.

Во исто време, се очекува значителен раст на побарувачката, бидејќи платината е широко користена во производството на автомобилски катализатори, како и во моторите на водород, кои се сметаат за потенцијална алтернатива на електричната подвижност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП