сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекторите за туризам и транспорт изгубија 4,5 трилиони долари во 2020-та

Секторите за туризам и транспорт изгубија 4,5 трилиони долари во 2020-та

Негативното влијание на пандемијата од коронавирусот врз секторите за транспорт и туризам се проценува на 4,5 трилиони долари, се вели во соопштението на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).

Пресметките покажуваат дека придонесот на двете индустрии во глобалниот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 49,1%. Наспроти ова, глобалната економија се намали за 3,7 проценти.

И двата сектори се соочуваат со сериозни тешкотии поради ограничувањата за патувања воведени низ целиот свет, како и карантините наметнати за патниците. Овие фактори ќе продолжат да влијаат на закрепнувањето на индустријата, според „WTTC“.

Транспортот и туризмот придонеле со 4,7 трилиони американски долари за светскиот БДП, или 5,5 проценти од глобалната економија. Во 2019-та година, придонесот беше проценет на 9,2 трилиони долари или учество од 10,4% од светската економија.

Во 2019-та година, овие сектори отворија едно од четири нови работни места и вработија 334 милиони луѓе. Во 2020-та година, сепак, беа избришани 62 милиони работни места, што е за 18,5 проценти помалку. Заради природата на секторот, ова намалување има значително влијание врз ранливите групи – жени, млади и припадници на малцинства.

Анализите на „WTTC“ исто така известуваат за значително намалување на трошоците за патувања – за скоро 70 проценти. Патните трошоци во матичната земја се намалија за 45 проценти.

2020-та година и зимата 2021-ва година се многу разочарувачки за секторите, но ако индустриите започнат со закрепнување во втората половина на годината, тоа ќе даде значителен поттик за глобалната економија и работните места. Така, придонесот на туризмот и транспортот кон глобалниот БДП може да достигне нивоа пред кризата во 2022-ра година. До тогаш, изгубените работни места во 2020-та година можат да бидат вратени.

Еден од факторите за обновување на секторите може да биде воведувањето на дигитални зелени сертификати предложени од Европската комисија (ЕК).

„WTTC“ ги повика владите да презентираат јасен план за акција за овој сектор, кој ќе им помогне на компаниите да ги испланираат своите активности и да се опорават од негативните ефекти на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП