19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува кога ќе се заглави најфрекфентниот глобален поморски коридор?

Што се случува кога ќе се заглави најфрекфентниот глобален поморски коридор?

Повеќе од 150 бродови беа заглавени пред Суецкиот канал поради заглавувањето на „Ever Given“, џиновски брод натоварен со 200.000 тони.

Преку оваа транзитна рута, стоките за широка потрошувачка како што се мебел, играчки и прехранбени производи со подолг рок на траење пристигнуваат на балканот.

Проблеми со снабдување

Блокадата на Суецкиот канал веќе започна да предизвикува огромни заостанувања во глобалните ланци на снабдување.

Десет проценти од светската трговија се движи низ Суецкиот канал, така што оваа несреќа има големо влијание врз поморскиот транспорт.

Покрај тоа, ќе има значителни несакани ефекти: Кога ќе се отстрани „Ever Given“ од патот и бродовите повторно почнат да минуваат, може да се очекува огромна гужва во европските пристаништа. Ова, следствено, ќе доведе до одложување на протокот на опрема назад кон Азија и затоа ќе има последици во достапноста на контејнерите.

„Неколку превозници сега започнаа да ги пренасочуваат своите пратки низ Африка, преку р`тот Добра Надеж, што ќе доведе до продолжување на времето на транзит за околу 7 до 9 дена. За да им помогнеме на нашите клиенти да ги испланираат своите синџири на снабдување поефикасно, нудиме целосна видливост на пратката со нашиот интелигентен систем за следење на контејнери. На овој начин, тие можат да видат каде точно се наоѓаат нивните контејнери и брзо да реагираат при прилагодување на нивните синџири за снабдување“, вели Небојша Џекиќ, директор за продажба и развој на компанијата Карго-Партнер.

Алтернатива

Тој додава дека поради тоа, се очекува поголем интерес за воздушниот и железничкиот транспорт во следните недели.

„Железничкиот транспорт на стоки е стабилна опција со време на транзит што е до 50 проценти побрз од морскиот и 60 проценти поекономичен од воздушниот. За исклучително итни пратки, постојат неделни чартер летови од Кина и Хонг Конг до Централна Европа, така што корисниците можат да ги запазат и најстрогите рокови“, вели Џекиќ.

Во моментов, никој не може со сигурност да каже колку време ќе биде потребно за да се воспостави нормален проток низ Суецкиот канал, но сигурно е дека ситуацијата ќе влијае на дел од светската економија, со оглед на тоа што многу индустрии го снабдуваат своето производство со добра што пристигнуваат по оваа рута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП