26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаграда за вакцинирање: Пари, но и крофни, пијалоци, па и марихуана

Награда за вакцинирање: Пари, но и крофни, пијалоци, па и марихуана

Покрај заштитата од вирусот Ковид-19, вакцинацијата неодамна донесе и некои други придобивки.

Имено, многу работодавци решаваат да ги наградат своите вработени кои се вакцинирани со цел да ги охрабрат другите на тој чекор.

Во последните неколку недели, имавме можност да прочитаме како работодавците им даваат одредена сума на награда на своите вработени, додека компаниите ширум Америка решија да ги третираат своите вработени со слатки, крофни, пијалоци, бесплатно возење, па дури и марихуана.

Сепак, експертите велат дека нудењето стимулации не е нужно најефикасен или економичен начин за зголемување на бројот на вакцинирани. Сепак, тоа не ги спречи работодавците да понудат еден куп бесплатни артикли во замена за доказ за вакцинација.

Во Кливленд, еден маркет реши да понуди пиво на сите клиенти кои ќе дојдат и ќе покажат доказ за вакцинација, што ќе го плаќаат само 10 центи.

На амбулантската клиника во Мичиген специјализирана за медицинска марихуана, секој кој има 21 година и повеќе, кој примил вакцина, може да земе количина доволно за еден месец.

Американската компанија која произведува јогурт, „Чобани“, одлучи да им даде на сите по еден јогурт на местата за вакцинација. Исто така, оние кои ќе обезбедат доказ за вакцинација до крајот на 2021 година, ќе можат бесплатно да јадат една од познатите крофни на Криси Крем.

Сличен случај е забележан во Израел, во Тел Авив. Кафе Кадан отвори мобилна станица за вакцинација и им понуди бесплатно безалкохолно пиво и сок од праска на оние кои ја примија вакцината.

Засега има две познати компании и кај нашите соседи во Србија кои решиле да поделат бонуси на своите вработени кои биле вакцинирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП