26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигитален текст на Њујорк Тајмс продаден за 563.000 долари

Дигитален текст на Њујорк Тајмс продаден за 563.000 долари

Колумнист на Њујорк Тајмс продаде еден од неговите дигитални написи за 563 000 долари во четвртокот, последниот во низата примери на лудост за уникатни дигитални производи, кои ги грабаат колекционерите.

Целта за статијата на Кевин Рус со наслов „Купете го овој коментар на блокчејн“ беше да се тестира пазарот и да се утврди како единствените дигитални записи може да се продаваат како т.н. незаменливи дигитални токени (NFT).

NFT е дигитален „предмет“ како што е цртеж, музика, фотографија или автентицирано видео создадено со блокчејн технологија. Автентичноста позади која стојат компјутерските мрежи се смета дека е непробојна.

Виртуелниот предмет, што всушност се работи за компјутерски запис, може да се продаде или размени заедно со потврда за автентичност.

Неизаменливите дигитални токени NFT станаа популарни во последните месеци, бидејќи богатите колекционери среде пандемијата се свртеа кон дигиталниот пазар.

Во понеделникот, првата порака објавена на Твитер се продаде за 2,9 милиони долари, а тоа е порака од основачот на Твитер, Џек Дорси.

На почетокот на месецот, дигиталниот колаж на американскиот уметник Бипл беше продаден преку аукциската куќа Кристи(Christie’s) за 69,3 милиони долари.

На крајот од аукцијата, која траеше 24 часа за текстот на Њујорк Тајмс, колекционер по име Фарзин го купи за 350 итириуми (Ethereum), крипто-валута, во противвредност од 563.000 долари.

Рус објави дека, откако ќе се подмират трошоците за платформата Foundation на која е продаден текстот, парите ќе бидат пренасочени во добротворни организации поддржани од Њујорк Тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП