27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAA и US Airways: Поврзување од 11 милијарди долари

AA и US Airways: Поврзување од 11 милијарди долари

aa1

Европската комисија даде зелено светло за поврзувањето на „American Airlines“ и „US Airways“, откако компаниите ги решија сите недоразбирања околу можниот монопол на патот Лондон-Хитроу-Филаделфија, на кој работат само „US Airways“ и партнерот на „American Airlines“, „British Airways“.

Двете компании се обврзале да ги предадат таканаречените слотови, односно одобрувања за користење на аеродромската инфраструктура на лондонскиот аеродром и на оној во Филаделфија.

Исто така, со додатен договор ќе се овозможи влез на нова компанија на споменатата рута, што ги задоволи челновите на Европската комисија, кои сакаа да се избегне монопол над тие аеродроми, така што ќе се отвори простор за конкурентно работење.

Сепак, за да се поврзат „American Airlines“ и „US Airways“, американското Министерство за правда треба да утврди какво влијание, ова 11 милијарди вредно поврзување, ќе има околу прашањето за конкурентноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП