16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај тензиите, САД увезуваа рекордни количини руска нафта

И покрај тензиите, САД увезуваа рекордни количини руска нафта

Американско-руските тензии во областа на енергетските проблеми не ги спречија САД да купуваат рекордни количини руска сурова нафта во 2020-та година.

Американските рафинерии дневно натоварија 538.000 барели руска нафта и нафтени деривати дневно, со што се сруши десет години стар рекорд.

Според податоците запишани од Администрацијата за енергетски информации на САД (ЕИА), САД има купено најмногу руска нафта од 2011-та година, кога увезувале 624.000 барели на ден од Русија.

Според пресметката на „Bloomberg“, врз основа на податоците од царината и „ЕИА“, Русија стана трет најголем снабдувач на нафта за САД во 2020-та година, надминувајќи ја Саудиска Арабија, најголемиот извозник во светот. Уделот на Русија во увозот на нафта во САД во моментов изнесува рекордни седум проценти.

Најголеми извозници на нафта во САД минатата година беа Канада, со дневна испорака од 4,1 милиони барели и Мексико со околу 750.000 барели на ден. Просечниот увоз на американска нафта од Саудиска Арабија минатата година изнесува 522.000 барели дневно.

Американските енергетски компании, вклучувајќи ги „Exxon Mobil“, „Chevron“ и „Valero Energy“, беа меѓу клучните купувачи на нафта и нафтени производи од руски производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП