20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците ја ограничуваат потрошувачката, заштедите растат

Европејците ја ограничуваат потрошувачката, заштедите растат

Пред неколку недели, многу европски земји се надеваа дека граѓаните со редовни примања наскоро ќе започнат да ги трошат заштедите, но проблемите со вакцинацијата и новиот бран на Ковид-19 покажаа дека работите нема да одат како што треба.

Повторното ширење на коронавирусот ги ​​принуди владите повторно да воведат мерки за затворање, а вакцинацијата се одложува, па сè уште нема одговор на прашањето кога рекордните заштеди конечно може да се претворат во многу потребен бум на трошење.

Така, директорот на берлинската технолошка консултантска компанија Даниел Крупка, по продолжените мерки за затворање во Германија, го откажа седумдневниот семеен одмор на балтичкиот остров Хидензи, што го резервираше во април.

„Веројатно би потрошиле до 2.000 евра, но ништо од тоа“, рече Крупка.

Пандемијата ги загрози или уништи егзистенцијата на милиони луѓе, а многу од оние кои имаа среќа и си ја задржаа работата решија да заштедат повеќе бидејќи немаат каде да потрошат поради ограничувањето поради Ковид-19.

Во Германија, заштедите во расположливиот доход се искачија на рекордни 16,2 проценти во 2020-та година, од 10,9 проценти во 2019-та година.

Во Франција, тоа беше 22,2 проценти во четвртиот квартал од минатата година, што се намали од рекордните 27,5 проценти во периодот од април до јуни, а силно порасна во Италија и Шпанија.

Економистите и политичарите се надеваа дека граѓаните од еврозоната веќе ќе ги трошат „принудените“ заштеди од пандемијата, поттикнувајќи го закрепнувањето на економијата, што веќе се очекува да биде послаба отколку во САД.

Нивните надежи беа уништени откако Германија и Франција, двете најголеми економии во еврозоната, повторно воведоа ограничувања.

Француското Министерство за финансии смета дека новите едномесечни мерки за затворање на продавниците во Париз и регионите на северот на земјата кои не продаваат основни потреби ќе имаат само минимално влијание врз економијата.

Економистите од приватниот сектор се помалку оптимистички расположени, а компанијата за кредитно осигурување „Euler Hermes“ ја намали прогнозата за раст на француската економија годинава за половина процентен поен, на 5,4 проценти.

„Ако најновите здравствени мерки не стапат на сила подолго од моментално планираните четири недели, можеме да очекуваме силен ефект на компензација (потиснато трошење) во вториот квартал што ќе ги амортизира ефектите од новите блокади“, објаснува економистот на „Euler Hermes“, Селин Озиурт.

„Сè зависи од враќање на довербата на домаќинствата, успехот на кампањата за вакцинација и проширување на државната економска поддршка“, додаде Озиурт.

Истото важи и за Германија, чија централна банка прогнозираше во декември дека економијата ќе порасне за три проценти во оваа година врз основа на претпоставката дека ограничувањата ќе бидат олеснети на пролет благодарение на зголемената вакцинација на населението.

„Пандемијата и мерките за затворање со кои се соочуваме ќе имаат посилно влијание врз германската економија во почетната фаза и веројатно малку подолго отколку што очекувавме“, рече главниот економист на „Bundesbank“, Јенс Улбрих.

„Потисната“ потрошувачка ќе ја преплави економијата откако ќе се отстранат ограничувањата, смета Улбрих.

Други тврдат дека „бранот“ на трошење можеби не е вистинскиот збор.

„Некои работи нема да ги добиете од месец во месец. Кој и да купи нов голем телевизор за домашно кино или софистицирана кујна за да подготвува убави јадења дома за време на првите блокади, нема да го стори тоа повторно по шест месеци“, објаснува Ролф Буркл од Институтот „GfK“.

„Истото важи и за некои услуги. Сигурно нема да одите почесто на фризер за да ги надоместите фризурите што ги пропуштивте за време на затворањето. Значи, дел од вашите лични трошоци се губат на долг рок и не треба да очекуваме ефект на наполнување“, објасни Буеркл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП