2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen ќе ги намали активностите во Словенија

Raiffeisen ќе ги намали активностите во Словенија

raiff1

„Raiffeisen“ банката би можела да ги намали своите активности во Словенија, тврди словенечкиот деловен весник „Finance“, цитирајќи ја изјавата на новиот директор на австриската банкарска групација „Raiffeisen Bank International“ Карл Севелд.

Севелд за „Financial Times“ рече дека банката нема да се повлече од ниеден пазар во средна и источна Европа, но ќе се концентрира на раст во Русија, Полска, Чешка, Словачка, Романија и Австрија, додека пак, ќе го намалува растот во југоисточна Европа, а на некои пазари како што е Словенија ќе ги намали своите досегашни активности.

„Raiffeisen“ словенечката банка-ќерка има седиште во Марибор и уште десетина канцеларии низ земјата.

Според резултатите од минатата година, според својот удел на словенечкиот банкарски пазар кој малку надминува три проценти, се наоѓа на единаесетото место меѓу банките кои работат во земјата.

Словенечкиот деловен весник напоменува дека Севелд на чело на „Raiffeisen“ дошол во средината на јули, по оставката на Херберт Степич кој беше директор многу години, а банката со своето ширење низ пазарите во источна и средна Европа стана третата најголема банка во регионот, присутна во 17 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП