18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорката на ММФ бара дополнителни 650 милијарди евра за борба против коронавирусот

Директорката на ММФ бара дополнителни 650 милијарди евра за борба против коронавирусот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) рече дека до крајот на јуни ќе предложи дистрибуција на нови специјални права за влечење во противвредност од 650 милијарди долари за борба против пандемијата.

Новата распределба на специјалните права за влечење (SDR) на земјите-членки на ММФ, од кои многу се погодени од пандемијата „Ковид-19“, ќе обезбеди силна поддршка за ликвидност без зголемување на товарот на нивниот долг, забележа Кристалина Георгиева.

Со ова ќе им се ослободат финансиски средства за борба против пандемијата на коронавирусот, поддршка на програмите за вакцинација и други итни мерки, се вели во изјавата на Георгиева, која ќе го претстави предлогот пред извршниот комитет на ММФ.

Членовите на одборот на ММФ на состанокот во вторникот им дадоа „широка поддршка“ на експертите на ММФ да подготват нова распределба на SDR во вредност од 650 милијарди долари за да се исполни глобалната долгорочна потреба од резервни средства, рече таа.

„Новата распределба на SDR ќе им помогне на сите наши земји-членки и ќе го поддржи глобалното закрепнување од корона кризата“, нагласи Георгиева.

„Ова ќе испрати силен сигнал до ММФ за решеноста на членството да стори сé што е можно за надминување на најтешката криза после Големата депресија“, додаде таа.

Новата алокација на SDR ќе биде прва по онаа од 250 милијарди долари, одобрени во 2009 година, за време на светската финансиска криза.

ММФ ќе развие нови мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста при употребата на SDR и ќе истражува опции за прераспределба на SDR од богатите земји за поддршка на ранливите земји со ниски приходи, рече шефот на ММФ.

Доколку добие зелено светло, дополнителни резерви, кои земјите-членки би можеле да ги претворат во конвертибилни валути или да ги споделат со земјите на кои им е потребна, треба да бидат достапни во втората половина на годината.

Новата проценка на ММФ за потребите на глобалните резерви, која се спроведува на секои пет години, покажува јасна потреба за дополнителни SDR, бидејки земјите тешко се борат против пандемијата на коронавирусот, изјавија информирани извори.

Детали за новата проценка не беа достапни веднаш.

Георгиева започна да се залага за поделба на нови SDR пред една година, но предлогот наиде на силен отпор од САД, најголемиот акционер во ММФ, потсетува Ројтерс.

Во последниве недели, најразвиените економии во светот, Г7 и пошироката група од 20-те најразвиени и најголеми економии во развој (Г-20) ја поддржаа новата алокација откако американскиот министер за финансии Џенет Јелен најави поддршка, под одредени услови

Јелен повика на поголема транспарентност во користењето на SDR и тргувањето со „валути“ на ММФ, додава Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП