1 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСпас од алергии: Чудотворна вода за испирање на носот!

Спас од алергии: Чудотворна вода за испирање на носот!

Оваа вода e спас за сите оние кои мачат мака со алергиите…

Времето на алергиите веќе официјално започна. Токму поради тоа e важно редовно да го испираме носот со цел да се ослободиме од проблемите коишто ни ги нанесува поленот и прашините коишто предизвикуваат кивавица и чешање.

Одлична природна помош за испирање на носот е течноста која може да си ја направите и самите, од корен од бел слез.

Подготовка: Една голема лажица корен од бел слез се прелива со 200 мл ладна вода, и се остава да отстои 2 до 3 часа. Течноста потоа се процедува и потоа со неа се испира носот.

Големото количество на излачена слуз од коренот од бел слез ќе ја обложи слузницата на носот и ќе делува антивоспалително.

Чај против алергии

Ова е пример за мешавина од чаеви за сите оние коишто имаат проблеми со алергии, со цел да си ги олеснат симптомите и да ги ублажат алергиите.

Состојки: коприва 25 гр, шипка 15 гр, црн слез 15 гр, бозел 10 гр, млечка 10 гр, невен 10 гр, мајчина душица 10 гр.

Подготовка: 2 супени лажици од оваа мешавина се ставаат во сад со ладна вода, а потоа садот се става на оган и се остава додека водата да проврие. Потоа садот се тргнува од оган, се поклопува со капак и се остава да отстои 10 минути. Потоа процедете, додадете мед по желба, па пијте го чајот постепено во текот на целиот ден.

Совет плус е за пред излегување од домот носот да го намачкате со маслиново масло или масло од невен, на тој начин ќе го спречите влезот на алергентите во носот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар